РИБАРО
Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова се очекува денеска да излезе со ново соопштение, дознава ексклузивно екипата на АХА.
Откако се избрукаа со првичното соопштение во кое се наведе дека не било договорена фото сесија помеѓу Радев и Сиљановска, и затоа немало македонско знаме, генијалните советници од кабинетот на Сиљановска сега смислиле ново поверодостојно соопштение.
Имено, за немањето македонско знаме биле виновни мигрантите што американскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп, ги спомна во дебатата со Камала Харис пред неколку дена, ќе стои во соопштението.
„Мигрантите што им ги јадат домашните миленици на Американците, го изеле и македонското знаме, што беше поставено од страната на претседателската Сиљановска, при фото сесијата со Радев“, ќе стои во најновото соопштение од Кабинетот на Сиљановска, дознава АХА.
Единствен проблем во оваа уште побизарна верзија, како што јавуваат нашите извори, било, како да се убедат Бугарите да ја прифатат оваа најнова верзија, која, како што нагласуваат ќе биде безболна и за едната и за другата страна во скандалот со знамето.
Од кабинетот на претседателката на Нашата земја Сиљановска Давкова, не ја потврдија информацијата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK