ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски за посетата на Брисел: Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму

September 18, 2024 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст,  а доколку стане  збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси. Позицијата на Владата за уставните измени, како што рече, е јасна и сакаме да знаеме дека ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе завршиме тој пат и е бидеме членка на ЕУ.

Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски рече дека Планот за раст е доставен до Европската комисија и во Скопје и во Брисел од страна на македонската Влада  која потенцираше дека подготвила фантастичен документ.

– Први и најквалитетен документ, којшто долги месеци беше во застој. Со формирањето на Владата тоа го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, а потоа да тоа пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече Мицкоски.

Доколку стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече, се разбира тој е кој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како што беше и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како Влада.

– Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, не затоа што сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден наро, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние, изјави Мицкоски порачуваји македонските граѓани  да бидат сигурни  дека ќе се борат и ќе се изборат за македонските национални интереси.

На новинарско прашање дали ставот што го има, околу уставните измени со одложено дејство  може да биде дел и од разговорите во Брисел, Мицкоски со одговор дека не би сакал да коментира, но оти се јасни позициите на Владата по ова прашање.

-Не би сакал да коментирам, позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија, изјави Мицкоски.

Се останато, дополни, се приказни и замки на коишто како Влада, а  ниту пак јас како човек имам намера да наседнувам.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселМицкоски

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk