ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Села: Со укинување на „балансерот“ се нарушуваат основните човекови права

September 19, 2024 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“. Ова е обид да се суспендираат сите одбранбени механизми кои се градени низ овие години, а имаат за цел да ги заштитат правата на граѓаните. Со „удирањето“ по балансерот се нарушуваат основните човекови права на граѓаните на оваа држава, изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Тој денеска на прес-конференција во Собранието посочи дека треба да се стави крај на етничкото гласање кое вчера се случило во Уставниот суд .

-Одлука што се донесе вчера во Уставниот суд е резултат на најавата пред две години од страна на сегашниот премиер, а тогашниот лидер на македонската опозиција Христијан Мицкоски, кој уште тогаш изјави дека разговараат за укинување на „балансерот“. Нормално дека ние како Алијанса за Албанците нема да седиме без да преземеме мерки. Итно треба да се стави крај еднаш засекогаш на етничкото гласање што се случи вчера во Уставниот суд, бидејќи не може да се укинат закони донесени со Бадентер од страна на некој судија кој е воден од фактот дека припаѓа на одредени етничка заедница. За донесување на овој Закон биле потребни компромиси, дебати и веќе е прифатен од граѓаните, рече Села.

Тој смета дека минимум што во ваква ситуација треба да се случи е да се донесе закон според кој за сите закони донесени со Бадентер, Уставниот суд треба исто така да одлучува со Бадентер.

-Ние протестираме, а исто така и граѓаните треба да протестираат заедно со нас и да го решиме овој проблем еднаш засекогаш. Ова беше очекувано, бидејќи најавата за овој исход што се случи во Уставниот суд доаѓа од челниците на Влен. Целта е да ја легитимираат секоја политичка постапка која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави и со нивното присуство во таа власт да ги легитимираат ваквите односи. Јас имам порака до нив – штета која ја прават за ова општество е многу голема. Им препорачувам да направат чекор назад и да почнат да размислуваат не само за нивните интереси, туку и за доброто на сите граѓани, додаде Села.

Тој додаде дека биле потребни години за да се изгради внатрешна кохезија, а потребна е само една одлука таа внатрешна кохезија постепено да почне да се руши.

-Мојот апел до нив е придонесат кон градење на Северна Македонија за сите граѓани, а да ги прифаќаат националистичките повици на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно само за Македонците“. Ваквите чекори и ваквите одлуки се само обиди за градење на моноетничка држава во една мултиетничка реалност. Тоа не е добро на кој било граѓанин, без разлика на етничката припадност, рече Села.

На новинарско прашање за коментар околу случаите на често злоупотребување на „балансерот“, тој одговори дека тој се злоупотребувал, но тоа не значи дека треба да се укине туку треба да се преземат мерки за да не се злоупотребува, потенцирајќи дека од претходниот министер од Алијанса за Албанците имало обиди да се стави крај на злоупотреба на балансерот.

Тој потенцираше дека треба да се воведе Закон за правична застапеност, со кој ќе се почитуваат сите етнички заедници и да се предвиди полова еднаквост и уште едн категорија на граѓани – социјални случаи и лица со посебни потреби, а прашан дали овој Закон ќе го поддржи доколку е предложен од Влен, одговори дека ќе дадат поддршка на секој закон за кој сметаат дека е добар.

Уставниот суд вчера на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Поврзано: 

Реакции од политичките партии за „замрзнувањето на балансерот“ до конечна одлука на Уставниот суд

Tags: балансерСела
Next Post

На Балканската олимпијада по информатика во Охрид делегации од 15 земји учеснички

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk