ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адвокатот Туфегџиќ: Таткото на Вања е жртва во постапката, нема дејствија на извршување, ниту доказ

September 20, 2024 15:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Во воведното обраќање на Обвинителството ние не слушнавме која е поткрепата на обвинението против Александар и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело, само паушално наведува дека помагал. Немаме дејствија на извршување, ниту доказ во таа смисла, рече адвокатот на Александар Ѓорчевски веднаш по завршувањето на првото рочиште од судењето во Основниот кривичен суд за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели таткото на малолетната Вања е жртва во целата судска постапка и рече дека „секој родител на кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага“.

Туфегџиќ нагласи дека обвинението се темели токму на доказите прибавени од страна на Ѓорчевски со согласност на полициските службеници, за кои побара да бидат испитани.

– Александар е жртва и е оштетен во оваа постапка и тврдам дека секој родител кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага и на крајот на краиштата сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката и тврдам дека ова не е водено онака како што треба и затоа го имаме денеска тој резултат кој го имаме во однос на Александар, рече Туфекџиќ.

Според адвокатот Туфекџиќ, Ѓорчевски е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани.

– Тој е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани. Не е никаква тајна дека Александар бил на дневна основа во постојана комуникација со децата и не е никаква тајна дека бил во неверојатна близина со своите деца, рече Туфекџиќ.

Неколку месеци пред овој настан, додаде, таткото на малолетната Вања им подарил две станбени единици на двете малолетни деца.

– Својот дел со договор за дар, како што говорат и доказите, неколку месеци пред овој настан е подарен и тоа две станбени единици се препишани на двете малолетни деца и доставивме доказ до Судот дека двете малолетни деца се даночни обврзници согласно евиденцијата во даночната управа, посочи бранителот на Ѓорчевски.

Tags: Вањаубиство
Next Post
Фото: Фронтлајн

(ВИДЕО) Во есенска потрошувачка кошница се ставени 73 прехранбени производи, за нив маржата ќе биде ограничена на 10 проценти

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk