Во интервју за „Канал 5“, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, осврнувајќи се на процесот на интеграција на земјава во ЕУ, рече дека тој прв изјавил дека нашата земја ќе биде споена со Албанија на патот кон ЕУ. Во исто време, Николоски рече и дека е уверен оти Албанија нема никогаш да стане полноправна членка на Унијата.
„Прв кажав дека ќе ги спојат Македонија и Албанија врз основа на договор на Бујар Османи, и тогашниот МНР на Албанија. Никој не веруваше тогаш, дури од влада испраќаа соопштенија дека тоа било научна фантастика. Таа научна фантастика за жал се реализира и станавме споени. Јас тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не заради Албанија, туку поради погледите на Европската Унија“, рече Николоски.