ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока

September 23, 2024 12:50
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго.

Облека, обувки и модни додатоци

– 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Патникот се упатил кон зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола, но при преглед на неговите два куфери со скенер биле пронајдени непријавените производи кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник, Непријавените производи, пронајдени во преградите под предните седишта на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во 8 кеси сместени во багажниот простор и под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека дел од производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Разна стока

– 255 разни производи (облека, обувки, постелнина, садови за домаќинство, техничка стока, алат парфеми и монтажни сушарки), откриени при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во товарниот дел на возилото биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 125.684 парчиња разни производи, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. Возилото било сопрено на наплатна станица Романовце, и откако при визуелен преглед било констатирано дека во товарниот дел има стока од трговски карактер за која возачот не поседувал документ за платени царински давачки, извршен е детален преглед и привремено задржани се 120.000 жилети, 1.200 запалки, 1.100 кесички камагра, 23 килограми маџун, 47 килограми мед, 722 парфеми и 89 тоалетни води. За сторениот царински прекршок, против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост

– 5.111 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случи од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Кина, сместена во јавен царински склад, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

Во првиот случај, фирма од Скопје  со две царински декларации, пријавила детски играчки за увозно царинење. Мобилен царински тим извршил контрола на пријавената стока, но и на остатокот од стоката која била ставена на привремено чување, при што биле откриени 3.144 играчки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Во вториот случај, при контрола на детски играчки пријавени за увозно царинење од страна на друга фирма од Скопје, биле откриени 1.967 играчки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Во двата случаи сомнителните производи се привремено задржани и, согласно законските прописи, ќе бидат започнати постапки за утврдување на нивната оригиналност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: заплениоблекаобувкиочилаЦаринска управачанти

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk