Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со претседателката на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Елиса Спиропали, соопштуваат од ДУИ.
„Со г-ѓа Спиропали разговаравме за прашањата поврзани со членството на нашите две земји во Европската Унија, пат што го поминавме заедно и имаме многу предизвици пред нас. На г-ѓа Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање. Исто така, разговаравме и за потребата од проверка со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна сфера. Албанија и Северна Македонија, како две сојузнички земји, мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграција во Европската унија“, изјави Ахмети по средбата со Елиса Спиропали, наведуваат од ДУИ.