По изјавата на Халил Снопче, заменик претседател на ВЛЕН дека ќе излезат од владината коалиција доколку се изгласа Законот за бранители, денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, како планира ова да го реши, кусо одговори „Нека му е со среќа“.
Премиерот беше и со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој најавил протести и реагирал за укинување на балансерот.
– Исто така и на него имам да му порачам добро здравје и нека му е со среќа, изјави Мицкоски.