ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ги изгласа измените на Законот за локална самоуправа, в.д градоначалници во три општини до локалните избори

September 24, 2024 15:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието со 83 гласа „за“ и 17 „против“ денеска го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка. Со измените се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. По парламентарните избори во земјата и изборот на министри и пратеници, в.д градоначалници има во општините Аеродром, Гостивар и Сарај.

Пратеникот од Блерим Беџети на денешната седница истакна дека причината поради која Европскиот фронт ќе ги поддржи измените се да не ги малтретираат граѓаните да гласаат и да не се трошат дополнителни средства.

– Да не ги малтретираме граѓаните да гласаат, имајќи предвид дека изборите треба да се одржат пред Нова Година и остануваат неполни десет месеци до нивниот мандат, и имајќи предвид дека ние имаме спор на национален аспект околу легитимитетот, уставните измени кои што не се споменуваат никаде. Нормално, и да не трошиме дополнителни средства,  тие може да бидат користени за градинки, училишта и многу амандмани кои ги предложивме во ребалансот и во буџетот кој што ќе следи верувам дека тие средства ќе се потрошат за доброто на граѓаните, посочи  Беџети.

Измените на Законот за локална самоуправа се донесени со двотретинско мнозинство, а во Собранието ги предложија координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратениците Халил Снопче од Вреди  и Бобан Карапејовски од ЗНАМ.

Мицевски, во образложение на потребата од законските измени при утврдување на дневниот ред на собраниската седница на 14 септември, рече дека со нив треба да се овозможи да нема избори за нов градоначалник до редовните избори ако има помалку од 12 месеци. Станува збор, како што потенцираше, за преодно решение кое ќе важи само до претстојните локални избори до октомври следната година.

-Со членот 4 се уредува преодно решение за постапката за распишување нови избори за градоначалник, поради настапување на еден од случаите за престанок на мандатот на градоначалник по сила на закон до одржување на првите редовни избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје по влегувањето во сила на овој закон. Имајќи во предвид дека до распишување на нови локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од начелото на економичност и економската состојба во државата, како и краткиот рок за организација на овие избори, а потоа доаѓаат и редовните локални,  продолжените законски решенија се со цел да ја постигнат целта поради која е предложен законот – односно да нема измени и овие кандидати за градоначалници да останат до одржување на редовните локални избори, рече Мицевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Закон за локална самоуправаСобрание
Next Post

Граѓаните немаат доверба во институциите за справување со нелегалната сеча на шуми, покажа истражувањето на „Рефорд“

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk