Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Една од мноштвото денешни вести вели дека на Македонија и се подготвувало предавство, а темата сама по себе не е атрактивна ако од ништо друго тогаш од само две прости причини, прво од фактот дека зборот, поимот, терминот, исказот, „предавство“ сме го слушнале и сме го прочитале мал милион пати и веќе станува банален, но во денешната вест има и една мала провокација која упатува дека веста за анонимката баш и не е наивна туку дека овој веќе изветвен збор „предавство“, е нотиран во писмо кое доаѓа и е потпишано од поединец или од група, сеедно, не од некој неважен туку од некој или од некои многу упатен или упатени професионалци во државен центар, во Агенцијата за разузнавање, безбедносна институција во надлежност на претседателот, конкретно, на претседателката на државата па, оттука, кажано во една реченица, покрај фактот дека Македонија е веќе предадена со фактот што е ЕУ блокирана од самата себе, поконкретно, предизборно од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и постизборно од власта на ВМРО-ДПМНЕ, но да видиме што ќе покаже расплетот на оваа анонимка, за какво тоа уште некакво ново предавство станува збор кога е тешко да се поверува дека на Македонија може да и се случи поголемо актуелно предавство од предавството спрема евроинтеграциите.