ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грчки дипломатски извори: Билатералната, прекуграничната и регионалната соработка во фокусот на средбата Муцунски-Герапетритис

September 24, 2024 08:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА/ Икс-Министерство за надворешни работи на Грција

Фото: МИА/ Икс-Министерство за надворешни работи на Грција

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа, биле темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, според грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на разговорите, според истите информации, шефот на грчката дипломатија истакнал дека успешниот тек на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, зависат од исполнувањето на обврските што произлегуваат од европското законодавство и меѓународното право, меѓу кои и посветеноста на меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа и преку одржувањето на добрососедските односи.

Фото: МИА/ Икс-Министерство за надворешни работи на Грција

Ова беше прва средба на двајцата шефови на дипломатиите, а се одржа во канцелариите на Постојаната мисија на Грција во ОН, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во изјава за новинарите што се во Њујорк, министерот за надворешни работи на Грција се осврна на неговите активности во текот на денешниот ден со акцентот ставен на ЕУ перспективата на регионот, со оглед на тоа дека учествуваше и на неформалниот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ и уште еднаш ја повтори грчката поддршка за европската интеграција на земјите од регионот.

-Се обидуваме да најдеме начини за да постои моментум за проширување, особено поради фактот што Европа се наоѓа на крстопат на огромни предизвици. Предизвици што се однесуваат на одбраната, развојот, конкурентската позиција на Европската унија во светот. Поради тоа Европа треба да остане силна, обединета, проширена. За време на моето присуство на состанокот на пријателите на Западен Балкан, но и потоа, каде што имав можност да се сретнам со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, имав можност да ја истакнам потребата оваа европска перспектива да останете цврсто активна. Се разбира, со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, особено меѓународните договори, рече Герапетритис.

Додаде дека е јасно дека европската перспектива „поминува преку почитување на меѓународното право, за Европа да остане столб на стабилност на меѓународната сцена“, но и за да остане активна меѓународната безбедносна стратегија, како што рече, „не треба да има селективна примена на меѓународните договори“.

Tags: Јоргос ГерапетритисТимчо Муцунски
Next Post
Фото: МНРНТ

Муцунски: Одлична и конструктивна средба со Герапетритис, заеднички ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk