ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Започна кампањата на ХЕРА „Во ист ритам“ за подигање на јавната свест за родовата еднаквост

September 24, 2024 15:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Важни се вредностите што ги носиме во себе, вештините што ќе ги развиеме, знаењето што ќе го добиеме, свесноста и прифаќањето на различните, а не која е нашата родова припадност. Доколку работиме заеднички, ќе увидиме дека нашите разлики не треба да бидат причина за поделеност. Ова се дел од клучните пораки кои биле упатени денеска на отпочнувањето на кампањата „Во ист ритам“ за подигање на јавната свест за родовата еднаквост, која во следниот период ќе ја спроведе ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација со поддршка на Холандската амбасада во Северна Македонија.

Како што информираат од ХЕРА, амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел изјавила дека „Холандија е убедена дека едно општество може да напредува и да се развива само кога вклучува колку што е можно повеќе различни групи“.

Зборувајќи за важноста на подигањето на свеста кај пошироката јавност, Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА истакнала дека родовите нееднаквости имаат големо влијание врз општата благосостојба на децата и младите.

– Затоа е потребно, сите во „ист ритам“ да го слушнеме секој глас и со тоа да се искористи потенцијалот и поттикне секој млад човек да ја живее најдобрата верзија од себе, посочила таа.

Виктор Бучковски од ХЕРА Млади истакнал дека „момчињата и девојките се врзани со стереотипите и се обидуваат да се препознаваат со нив и нив да ги следат, но повеќе од јасно е дека тоа е невозможно во глобално општество и дека не може да се следи трендот на родова доминација, мора да постои тренд на родова инспирациja и следејќи го овoј принцип имаме шанса да постигнеме родова еднаквост.“

Кампањата „Во ист ритам“ има за цел да ги промовира демократските вредности и процеси, да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и политики за поддршка на родовата еднаквост во земјата.

Особен фокус на кампањата се младите и младинскиот активизам. Кампањата треба да придонесе кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата. Кампањата треба да придонесе и кон информираност на јавноста и широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики.

Tags: „Во ист ритам“ХЕРА
Next Post

Мемов: ЗНАМ продолжува да расте, се формираат општински организации низ цела Македонија

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk