ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Балкан Форум ја стартува иницијативата „Кон 2030“: Поврзување на Западен Балкан со глобалните разговори

September 25, 2024 12:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Реномираната тинк-тенк организација, Балкан Форум, со седиште во Приштина, го најави стартот на новата иницијатива: Кон 2030.

„Со задоволство ја претставуваме Кон 2030, возбудлива нова иницијатива која ги обединува гласовите од шесте земји од Западен Балкан за да се вклучат во глобалните дискусии за најитните прашања на нашето време кои ќе ја обликуваат нашата иднина“, објави организацијата во вторникот.

Преку оваа иницијатива, авторки и автори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ќе ги споделат своите уникатни перспективи за глобалните теми кои кореспондираат со меѓународни настани и денови од значење.

Кон 2030 ќе отвори простор за серија регионални блогови, кои нудат свежи сознанија за теми како што се безбедноста, одржливоста, демократијата, човековите права, иновациите, климатските промени и социјалниот напредок. Балкан Форум изрази надеж дека со усогласување на овие наративи со клучните глобални моменти, авторките и авторите ќе помогнат да се премостат уникатните перспективи на регионот со широките глобални разговори.

„Ова не е само иницијатива – тоа е платформа за дијалог, можност за Западен Балкан да придонесе во светските дискусии кои се важни. Придружете ни се додека тргнуваме на ова патување кон 2030 година, засилувајќи ги гласовите на нашиот регион и поттикнувајќи разговори што ги надминуваат границите. Останете со содржините што поттикнуваат на размислувања што инспирираат, информираат и поврзуваат!“ – соопштија од Балкан Форум.

Официјалниот хаштаг на иницијативата е #Кон2030 (#Towards2030, #Drejt2030)

Извор: Цивил Медиа

Tags: „Кон 2030“Балкан Форум
Next Post

Папата ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и побара интервенција од меѓународната заедница

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk