ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конкурс за стипендии за средношколци Роми и повик за ромски oбразовни медијатори

September 25, 2024 11:02
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука објави Конкурсза доделување 1200 стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година, со рок за аплицирање до 10 октомври 2024.

Стипендиите ќе бидат доделени во четири категории во зависност од постигнатиот успех на средношколците Роми во последната учебна година, со месечен износ од 1.200 до 3.000 денари во траење од девет месеци.

Во објавениот Конкурс се наведени условите што треба да ги исполнуваат кандидатите и потребните документи кои треба да ги прикачат на  http://e-uslugi.mon.gov.mk заедно со пополнетата електронска пријава.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 11 ноември 2024 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука.

МОН исто така објави и Јавен повик за ангажирање педесет ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2024/2025 година.  Во повикот се наведени критериумите за избор на медијатори и општините во кои е потребен нивниот ангажман.

-Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците, наведува МОН во објавата.

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 18.000 денари бруто за период  од три месеци во текот на 2024 година и седум месеци во текот на 2025 година.

Кандидатите кои ќе се пријават треба најдоцна до понеделник (30 септември 2024) до Министерството за образование и наука да ги достават документите наведени во Јавниот повик.

Tags: медијаториобразованиероми
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Дерала за Гласот на Америка: Влијанието од Русија и Кина во Северна Македонија се канализира преку Србија

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk