УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата!, реагираат од Студентски отпор.
Тие истакнуваат барања, кои, како што велат се „јасни и недвосмислени“
„1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати.
2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки.
Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања!
Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!“, истакнуваат од Студентски отпор.