ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години

September 25, 2024 16:24
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години.

Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, овозможувајќи му на законот ретроактивно дејство.

Како што посочи на денешниот брифинг за медиуми, судијката Ана Павловска Данева, известител за предметот, одлуката се заснова на причините што Собранието не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новиот правен режим, (vacatio legis), која се однесува на објавување на измените во Службен весник.

Согласно Уставот, како што појасни Данева, исклучок од споменатото правило за објава во Службен Весник е дозволен, но Собранието не дало одговор до Уставниот суд, ниту пак во образложението на предлог-законските измени не се осврнало на причините и целите за правење на ваков исклучок, со што Судот се сомнева дека се нарушени легитимните очекувања на граѓаните како и нивната правна извесност.

Уставниот суд во јуни годинава поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023), откако во јануари годинава по овој закон не поведе постапка.

Како што информираа оттаму, тогаш Уставниот суд ја искористи деловничката можност како и уставно-судската пракса повторно да се  впушти во расправа за прашањето на уставноста на истите законски одредби, врз основа на тоа што е направена подлабока анализа и е изнесена дополнителна аргументација, како и врз основа на фактот дека овој пат Судот одлучуваше во полн состав.

Tags: Уставен суд
Next Post

Советот на ЕУ одобри 13 милиони евра помош за македонската Армија

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk