ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

September 26, 2024 14:50
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот граѓански суд Скопје, претставуван од судијата Јованка Спировска Панева, го одби барањето за повторување на постапката за надомест на нематеријална штета поднесено од тужителот Горан Трпеновски. Образложението на судот во пресудата е неприфатливо, бидејќи се оспорува својството на новинарите кои работат или работеле во онлајн медиуми имплицирајќи дека тие не се новинари. Во пресудата, судијката нагласува дека новинарот Трпеновски не можел да биде присутен во Собранието во својство на новинар, повикувајќи се на „постоечки материјално правни прописи“. Овој пристап ја загрозува медиумската слобода и правата на новинарите кои известуваат преку онлајн платформи, и отвора врата за понатамошни ограничувања на нивната работа, соопштуваат од ЗНМ.

Оттаму велат дека оваа судска пракса поставува двојни стандарди за правата на новинарите, особено имајќи предвид дека пред десетина дена колешката Душица Мрѓа доби делумна правда од истиот суд. Со оваа пресуда, Мрѓа доби надомест на штета по два основи – претрпен страв и повреда на правото на слобода на изразување. Дополнително, освен двојните стандарди, оваа пресуда не само што го доведува во прашање правото на новинарите да бараат правна заштита, туку создава потенцијално опасна практика која стимулира цензура и заплашување на медиумите.

„Судската постапка на Трпеновски се однесуваше на барањето за надомест на штета по настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија, при што новинарот Трпеновски, тогашен известувач за онлајн медиумот Сакамдакажам.мк, професионално ги покриваше настаните.

За потсетување, голем број новинари и сниматели беа спречени да ја вршат својата работа на овој настан, при што дел од нив се соочија со закани и физички напади. Повеќе од седум години по овој инцидент, дел од новинарите сè уште се принудени сами да ја бараат правдата пред судските институции, бидејќи државата не успеа да ги заштити.

Потсетуваме дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), поради пресудите на судијата Јованка Спировска Панева, на 17-ти ноември 2023 година организираа новинарски протест со слоганот „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, соопштуваат од ЗНМ.

Next Post

Зеленски им се заблагодари на САД по најавената помош за Киев од околу осум милијарди долари

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk