ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како останавме булки крај шините: Збогум ЕУ

September 27, 2024 09:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Операцијата полека се заокружува. Сега може да се очекуваат сите сценарија за дестабилизацијата – за која со месеци говорат премиерот и неговиот адвокат на привремена работа како министер за внатрешни работи – ќе се остварат делумно или целосно, во комбинација или меѓусебна конкуренција, сеедно. Едно е сигурно – ниту едно сценарио нема добра завршница. Барем така стојат работите пред истекот на првите сто дена влада на Мицкоски.

Конечно, може со сигурност да се потврди дека премиерот Мицкоски нема никаква намера да ја води земјата кон ЕУ. Неговиот постојано незауздан и кавгаџиски тон, овојпат и со изјавата за медиумите по повод веста за одвојувањето на Албанија од ЕУ пакетот со Северна Македонија, го покажува тоа.

Наративот со кој настапува Мицкоски е едноставен, лишен од факти и аргументи – заснован на ставот „земи или остави“ и „свака роба има свога купца“, со бескрајното повторување дека тој има „кичма“, а тие пред него немале. За „диктати“ не, благодарам – се досетува тој, па и тврди дека е „вљубен“ во европските вредности и дека токму тој на Европа ѝ нуди „европски пристап“.

Тој државата ја третира како невеста, која нема ниту успешна кариера, ниту е расположена да биде добра домаќинка, не е нешто посебно богата, а не е ни убавица – но се однесува како сите пожелни беќари на светот да се тепаат да ја запросат.

Мицкоски, кој редовно ја истакнува својата академска титула и дека е добар математичар, самоуверено и премногу лесно преминува преку ноторни факти, ја искривува политичката реалност во земјата и целосно го занемарува регионалниот и глобалниот контекст. Тоа го прави со таква леснотија што веќе одамна е сомнително – еве, да не бидам категоричен и да не заработам и трета тужба од него за помалку од една година – како да оди по некоја поинаква политичка патека во спротивна насока од Брисел и Вашингтон.

За наивните или оние што сакаа да му дадат fair shot на премиерот да покаже што умее и колку е проевропски ориентиран, сега веќе нема дилеми (не би требало). Лидерот на македонските националисти, на чело на влада со огромно парламентарно мнозинство, ја запечати судбината на државата: надвор од ЕУ. Јас со време напишав дека премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина, бидејќи ќе поведе земјата со полна пареа – назад, кон минатото.

И за време на изборната кампања, а уште повеќе по воспоставувањето на владата, стана јасно дека е време да се збогуваме со ЕУ. Тоа стана очигледно уште додека Мицкоски примаше комплименти и поддршка од западните дипломати (не од сите) во земјата. Да, некои дипломати на јавна сцена го поздравуваа како „мојот пријател“ и беа задоволни што тој го изговори уставното име на државата барем во премиерската заклетва (и никогаш повеќе, што е спротивно на Преспанскиот договор). Добро, се разбира, тој прима плата и се потпишува на кинескиот кредит (виа Будимпешта) на документи каде што стои уставното име, но „го користи своето човеково право“ да не го изговори. Многу јака фора, нема што.

Да заклучиме. „Логиката“ со која се служат десничарските популисти и автократи ширум светот е како за деца од градинка. Така и „нашиот горд“ Мицкоски. Тој креира тотално impasse со ЕУ.

Тоа што Брисел го нарекува преговарачка рамка, тој го нарекува „диктат“, а на тоа го надоврзува и својот „горд“ наратив дека не го прифаќа. Целосно неточни се основите врз кои го гради својот наратив, но кому денес му се важни фактите!?

Едноставно е. Сите настани укажуваат на тоа дека времето за обединување околу европските вредности и напредокот кон ЕУ се веќе минато. Она што останува е самоуништувачкиот пат на популизмот и национализмот кои, иако навидум се силни и решителни, во себе кријат длабока несигурност и неспособност. На крајот, останува само фактот дека тие суштински ја изолираат земјата и ги уназадуваат нејзините демократски и економски перспективи.

Ако продолжиме вака (а сигурно ќе продолжиме), последиците нема да бидат само политички, туку и историски – срамни белези во историјата на една држава која еднаш беше на чекор до исполнување на својот голем европски сон, а заврши неславно, во кошмарот на изолацијата, несигурноста и авторитаризмот.


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДералаЕУМицкоски

НАЈНОВО

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Ново мистериозно самоубиство во Русија: Потпретседателот на „Трансњефт“ падна од прозор и почина

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk