ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

September 27, 2024 11:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

-Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.

Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.

Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

-Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јанош ЛазаМакедонијаНиколоскиУнгарија
Next Post
Фото: Танец

Ансамблот „Танец“ ја реализираше концертна турнеја во Подгорица, Љубљана и Загреб

НАЈНОВО

МФ: Законски измени во насока на поддршка на домашната економија и компаниите, се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

October 10, 2025
Скриншот

Добитник на Нобеловата награда за мир е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо

October 10, 2025

(ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk