РИБАРО
Да не ја виде некој чавката моја каде одлета?, прашал премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, одма после неговата изјава во која ја испокара ЕУ и ѝ посака добар пат на Албанија. Мицкоски уште и напомна дека не е се изгубено и како што рече „можеби некогаш ќе ни се сретнат траекториите со Албанија на патот кон ЕУ“.
Како што дознава екипата на АХА, премиерот го повторувал тоа („Каде ми одлета чавката?“), и за време на разговорот со Орбан во Охрид.
– Друже, да нè случајно по пат виде каде ми одлета чавката?, го прашал Мицкоски, Орбан, за време на работниот ручек.
– Види брат, отсекогаш ти ми беше малку чуден, ама Грујо ме убедуваше дека ни си толку забеган. Знам една фраза што ја употребувате тука – „на овој изгледа му одлетала чавката (умот)“, и ако ти тоа ме прашуваш, да си фатам јас патот за назад дури е време, а ти да си побараш помош од стручни лица, а?, му одговорил Орбан.
– Значи и ти не ја виде? Ах… каде ќе ја барам, возвратил Мицкоски и продолжил со потрагата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK