ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра

September 30, 2024 15:50
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка соопшти дека на 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесувал 4.481 милион евра или 30,8 отсто од проектираниот БДП. Нето надворешниот долг во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра или за 2,5 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64 отсто.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8 622 милионa евра, што претставува 59,2 отсто од проектираниот БДП за 2024 година. Од овој износ, најголемиот дел или 88 проценти се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 71 отсто се врз основа на сопственички капитал.

-На крајот на вториот квартал од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.875 милиони евра и забележа квартално зголемување од 76 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се намалија за 33 милиони евра и изнесуваат 7.394 милиони евра. Кварталното зголемување на обврските, при истовремено  nамалување на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 109 милиони евра, така што на крајот на јуни 2024 година тој изнесува 4.481 милион евра, наведува Банката.

Во споредба со крајот на 2023 година, бруто надворешниот долг е повисок за 519 милиони евра, или за 4,6%. Притоа, во првата половина од 2024 година, долгот со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 400 милиони евра. Остварениот раст е резултат на зголемениот приватен надворешен долг (за 366 милиони евра) и зголемениот јавен долг (за 34 милиони евра). Кај приватниот долг, раст е забележан кај капитално поврзаните субјекти (за 315 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 180 милиони евра), додека долгот на приватните банки бележи намалување (за 129 милиони евра). Во однос на јавниот долг, растот во најголем дел е резултат на зголемените обврски на јавните банки и јавните претпријатија (за 18 милиони евра) и на секторот „држава“ (за 13 милиони евра).

Според Народната банка, во споредба со крајот на претходната година, бруто надворешните побарувања се повисоки за 404 милиони евра. Без ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто надворешните побарувања се зголемени за 162 милиона евра, и тоа како резултат на зголемените приватни побарувања (за 431 милион евра), при намалени јавни побарувања (за 269 милиони евра). Растот на приватните
побарувања произлегува од зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 336 милиони евра) и останатите сектори (за 164 милиони евра), при пад на побарувањата на депозитните институции (за 69 милиони евра).

-Бруто надворешните побарувања, на крајот на вториот квартал од 2024 година, изнесуваат 7.394 милиони евра (или 50,8% од проектираниот БДП) и забележаа квартално намалување од 33 милиони евра (или за 0,4%). Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 81 милион евра и изнесуваат 7.151 милион евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 59 милиони евра и зголемените јавни побарувања за 22 милиона евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на останатите сектори (за 58 милиони евра), при речиси непроменета состојба на
побарувањата на депозитните институции и на капитално поврзаните субјекти. Растот на јавните побарувања се должи на зголемените побарувања на централната банка, се нагласува во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: надворешен долгНБ

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk