ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Под слоганот „Метаморфозис“ вечерва почнува десеттото издание на „Букстар“

September 30, 2024 10:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Метаморфозис“ или „Преобразба“ денеска почнува десеттото издание на Фестивалот за европска литература „Букстар“. На програмата на фестивалот се разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“.

Фестивалот ќе трае до 3 октомври, а настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје.

Како што најавија организаторите, првиот фестивалски ден ќе почне со креативна работилница со Ана Голјешка-Џикова во градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Потоа во „Лабораториум“ ќе има два поткаста, кои ќе ги води Душко Крстевски, а гости ќе бидат Жозе Луиш Пејшото од Португалија и Здравка Евтимова од Бугарија. Свеченото отворање ќе се случи вечерва во „Лабораториум“, а воведно обраќање ќе има македонската писателка Румена Бужаровска. На отворањето ќе се говори на тема „Книжевна студија за траумата и истрајноста“ со авторките Паола Перети и Мирженка Чехова.

Фестивалскиот слоган „Метаморфозис“ или „Преобразба“ е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.

– Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS!, велат организаторите.

Годинава за првпат се доделува специјалната наградата „BookStar“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на италијанскиот писател Алесандро Барико.

– Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“, соопштија од „Антолог“.

Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон, кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела што се длабоко лирични и емотивни. Досега има објавено 13 прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски.

Дел од фестивалот се и авторски имиња од различни европски држави – Кристијан Новак од Хрватска, Здравка Евтимова од Бугарија, Жозе Луиш Пејшото од Португалија, Игор Маројевиќ од Србија, Паола Перети од Италија, Фарук Шехиќ од Босна и Херцеговина и Мирженка Чехова од Чешка. Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.

Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа – Надеж Агило од Франција, извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх од Австрија/Германија, куратор за книжевната програма на „Културно лето“ од Виена; Џорџа Спадони од Италија, преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков од Бугарија, сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот нароманот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.

Како што најавија организаторите, во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.

Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

„Букстар“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно.

Досега на „Букстар“ учествувале европските писатели Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

Tags: „Букстар“„Метаморфозис“
Next Post

Џезерите во октомври: Легендарните хитови на Битлси утре ќе воскреснат во оригинална изведба на Националниот џез оркестар

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk