Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2.500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, соопштуваат од Министерствто за социјална политика демографија и млади (МСПДМ).
„Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во септември и март. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари“, се наведува во соопштението од МСПДМ.