ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ не сакаат да ги коментираат првите 100 дена од работењето на новата Влада

October 1, 2024 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Сојузот на синдикати на Македонија не сакаат да ги коментираат првите 100 дена од работењето на новата Влада и се надеваат дека ќе биде свикана седница на Економско-социјалниот совет на која ќе им биде кажано што е сработено досега, а од Организацијата на работодавачи на Македонија велат дека имале високи очекувања, но дека досега ништо не е направено. Двата социјални партнери очекуваат дека наскоро од Владата ќе биде свикана седницата на Економско-социјалниот совет.

Според претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, досега требало да бидат повикани од Владата за да разговараат за сите важни прашања што ги засегаат работниците.

– Сметаме дека аргументите се на страната на работниците затоа што 25.000 работници кои земаат плата од 22.560 денари е некоректно, 10.000 работници кои примаат плата од еден денар до 22.561 денар е кривично дело и за да покриете една минимална синдикална кошничка ви се потребни три минимални плати. Нашите аргументи се издржани и трошоците за храна и пијалоци не се покриваат со една минимална плата. Ако очекуваат да ги разбереме, сметаме дека прво тие треба нас да не разберат, изјави Трендафилов пред денешната конференција посветена на социјалниот дијалог што ја организира ССМ заедно со фондацијата „Фридрих Еберт“.

И од Организацијата на работодавачи на Македонија со став дека очекувале Владата да има сенс за нивните проблеми со кои се соочуваат во текот на работењето како што се зголемување на продуктивноста, немањето работна сила и инфраструктурата.

– Она што очекувавме беа многу високи очекувања, но не добивме речиси ништо. Очекувавме дека оваа Влада ќе има сенс за бизнисот, за сите оние кризи со кои се соочуваме, меѓутоа она што се зборуваше во изминатиот период беше само зголемување на платите на јавната администрација, земање на кредити за општините, заобиколување на проблемите со кои се соочува стопанството во делот на продуктивноста и немањето на работна сила што значи со еден збор ништо, изјави претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска.

Работодавачите, како што посочи, немаат никаква конкретна информација на кој начин и под кои услови ќе може бизнис секторот да ги користи парите од  унгарскиот кредит.

–  Се вели дека ќе биде за некакви инвестиции во работењето но се додека немаме конкретна информација и на кој начин ќе се стигнува до тие кредити, ние не можеме ништо да говориме, вели Трајкоска.

Денешната конференција посветена на состојбата и перспективите на социјалниот дијалог иницирана од Сојузот на синдикати на Македонија на едно место ги собра сите социјални партнери (синдикатите, работодавачите и владата).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 100 дена владаССМ
Next Post

Трајкоска од ОРМ: Очекувањата од оваа Влада беа многу високи но не добивме речиси ништо

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

October 21, 2025

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk