ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во Управниот суд промовиран системот за аудио и видео снимање на судски расправи

October 1, 2024 11:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Управниот суд денеска беше промовиран системот за аудио и видео снимање на судски расправи „SRS Femida и Femida True Records”.

На прес – конференцијата по промоцијата на системот,  претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, истакна дека ова ќе овозможи поефикасно, поефективно и потранспаретнно правораздавање во судниците.

– Надоградените нови технологии гарантираат точни записници на судските рочишта и овозможуваат да се стави крај на противречностите што се кажало или не во судница, рече тој.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, сподели дека граѓаните заслужуваат да имаат точен и целосен запис од расправата.

-Не е важно расправата во кој суд се одржува и кој е основот на предметот, снимањето треба да се случува со сите судови, потенцираше таа. Според неа, имплементацијата на овој систем е еден од чекорите за враќање на довербата во судството кај граѓаните.

Министерот за правда, Игор Филков, сподели дека иако оваа обврска нормативно правно е уредена во законите од 2010 година, цели 14 години подоцна, дури во 2024 година, ќе се применува во Управниот суд.

-Опремата за тонско снимање во Управниот суд се инсталира денеска. Да не губиме уште 14 години и да не чекаме пресуди од ЕСЧП кои ќе наложуваат да ги применуваме стандардите за фер судење, рече тој.

Дополни дека со оглед дека веќе нема оправдување за непостоење на технологија за тонско снимање, со фактот што сите судови се опремени, како што рече,  убеден е дека во наредните 15 дена системот ќе се применува насекаде.

Tags: аудио и видеопромовирансистемотснимањеУправен суд
Next Post

Лашкоска: Образованието и науката се исклучително важни во справувањето со загадувањето на воздухот

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk