Лимко Бејзароски е нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
Како што информира КСЗД, по принципот ротирање на претседателското место, на 18-та седница одржана на 1 октомври 2024 година, членовите го избрале Лимко Бејзароски за нов претседател на КСЗД.
За заменик-претседател на Комисијата назначена е членката Флора Кадриу.
Досегашен претседател на КСЗД беше Игор Јадровски.