Од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ) известуваат дека денеска е пријавена поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП ПОЦ.
Како што велат, на лажната Дневна паркинг карта стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства.
„Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk. Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните“, соопштуваат од ЈП ПОЦ.