ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лазаревска: 100 дена Влада – прекинат е растот на платите во образованието, се нудат срамни 0,7% усогласување

October 3, 2024 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– По само 100 дена, новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и коалицијата покажа дека образованието не им е приоритет. ВМРО ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата за поголеми плати туку и ги урна и надежите за развој на образованието. Наместо конкретни мерки, сведоци сме на скратување на постојните, изјави Жаклина Лазаревска, членка на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

Таа истакна дека „дури ниту Мицкоски во обраќањето по повод 100-те дена не спомена конкретни мерки за развој на образованието. Единствената мерка што ја спомена беше набавката на учебниците, но намерно не кажа дека ресорното министерство започна со набавка и докомплетирање на учебниците уште од почеток на 2024 година, со што се овозможи печатењето на учебниците да се случи уште во мај 2024 година, односно пред конституирање на новата влада“.

„Ја прекинаа планираната низа на раст на платите и донесоа одлука за дегарадирачко, срамно усогласување од само 0,7%, што е минимални 200-300 денари. Толку ли за ВМРО-ДПМНЕ вредат наставниците? Од овој септември, платите на наставниците требаше да се зголемат за 12%, односно дополнителни 4.300 денари. Ова зголемување беше дел од новиот колективен договор за основно и средно образование. Но, благодарение на неспособноста на министерката Весна Јаневска, наставниците сега губат повеќе од 4.000 денари секој месец. ВМРО ДПМНЕ лаже дека нема пари за повисоки плати, бидејќи средствата беа проектирани во буџетот на Министерството за образование за 2024 година. Но, со ребалансот, ВМРО ДПМНЕ одлучи да ги прераспредели парите за свои приоритети, што резултираше со кратење на средствата за инвестиции во образованието, подобрување на инфраструктурата, програми за децата од социјално ранливите категории. Ова е уште една од низата лаги на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи во нивната програма стои раст на плати и подобрување на инфраструктурата. Но, затоа има пари за зголемување на платите на директорите на училиштата за 40-50%. ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува спирата на раст на плати во образованието што Владата на СДСМ ја започна и ја спроведуваше со долгорочен план. Така, обезбедивме наставниците во основно образование денеска да имаат плата од 33,646 денари + минат труд за разлика од 2016 та кога имаа 21.100 денари, а во средното образование платите на професорите се 35.200 денари + минат труд за разлика од 2016та кога беше 21.950 денари. Во овие 100 дена, ВМРО ДПМНЕ покажа дека е ненародна власт, која не работи во интерес на квалитетното образование и наставниот кадар. Нема нови мерки за студентите, туку во нивни стил ВМРО излажа дека започнуваат со реновирање на 9-те студентски домови во државата, нешто што беше започнато уште пред две години од Владата на СДСМ. Нашите просветни работници заслужуваат почит и поддршка од секоја влада. Образованието не е само буџетска ставка, туку инвестиција во нашата иднина, и затоа мора да биде приоритет. Како конструктивна опозиција, силно ќе се спротиставиме на политиките на оваа влада, која свесно сака да го маргинализира овој важен сектор“, нагласи Лазаревска.

Tags: 100 дена владаЛазаревска
Next Post

Ахмети до Мицкоски за барањето за ветинг: Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk