ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари: Формирана е комисија која треба да утврди дали имало пропусти со починатата родилка од Куманово, утре првични информации

October 3, 2024 14:30
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Формирана е комисија која треба да утврди дали имало пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово, а првичните информации ќе може да се очекуваат утре, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Комисијата работи, нас ни требаат осум дена. Утре имаме прес – конференција 100 дена Влада, сигурно ќе имаме и првични информации. Чекаме и резултати од обдукцијата и ќе видиме. Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не, истакна Таравари на новинарско прашање.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на 1 октомври изврши вонреден инспекциски надзор во Кумановската општа болница за случајот со починатата родилка.

Триесет и едногодишната родилка, која почина во Кумановската болница, при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог, покажа вонредниот инспекциски надзор. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања.  .

– Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Новороденчето се наоѓа на Детската клиника во Скопје и неговата состојба се следи. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), пак, ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба. 

Tags: КомисијаКумановопочинатата родилкаТаравари
Next Post
Фото: ТАВ Аеродроми

Најмалку десет нови дестинции од двата аеродрома и силен инвестициски циклус во железницата, најави Николоски

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Прв радио-сигнал од кометата 3I/Atlas – дебатата за нејзината природа е завршена

November 14, 2025
Оскарите

Академијата бара членовите задолжително да ги гледаат сите номинирани филмови за Оскар пред гласање

November 14, 2025

Отворено писмо до премиерот Мицкоски од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk