ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Собранието се одржа првата седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа

October 7, 2024 16:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во Собранието денеска се одржа прва седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа.

Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека со ова покажуваме дека и како држава и како Собрание, сме целосно посветени и имаме иста политика како нашите сојузници во НАТО, дека се залагаме за враќање и одржување на мирот на нашиот континент и активно придонесуваме за подигнување на глобалната и домашната свест за состојбата на Кримскиот полуостров, бесправната агресија на Русија врз Украина и неопходноста од враќање на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

-Иницијативата за формирање на оваа Интерпартиска парламентарна група ја поднесов водејќи се од актуелните геополитички настани во Европа, важноста на парламентарната димензија и меѓународната соработка, рече претседателот на Собранието Гаши.

Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа се формира во пресрет на третиот самит на Кримската платформа во Рига на крајот на овој месец, на кој, како што кажа Гаши, претседателите на Парламентите ќе се фокусираат на начините за помош, поддршка и обнова на Украина.

Украинската амбасадорка Лариса Дир истакна дека самиот факт за создавање на ваков формат во Парламентот ја потврдува поддршката на нашата држава за Украина. – Украинците ја чуствуваат поддршката на Северна Македонија уште од првите денови на руската инвазија на територијата на суверена Украина.

– Ова е воена помош со тешко оружје и политичка поддршка, рече, меѓу другото, амабсадорката Дир.

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски истакна дека капацитетите на Македонија се ограничени, но дека во рамките на тие капацитети и во однос на военотехничката поддршка даваме колку што можеме поткрепа на вашите безбедносни сили, но и во однос на дипломатските односи и активности и нашата комуникација со соговорниците.

-Зошто е препорачливо да се учествува во оваа Кримска платформа затоа што проблемите со кои се соочува Украина после агресијата извршена од страна на Русија не се само проблеми на Украина. Ова е проблем кој што го предизвикува безбедносниот поредок на целата Европа, на принципите утврдени во Организацијата за безбедност и соработка во Европа, но мислам и дека е увертира на одредени меѓународни актери кои имаат за цел да го предизвикаат глобалниот меѓународен поредок и меѓународното право врз основа на кое сите сме здружени и функционираме во рамките на ОН. Затоа, поддршката за Украина според мене значи поддршка за зачувување на правилата на меѓународното право, а со самото тоа и правото на државите на своја политичка, идеолошка, сојузничка определба, како што тоа право го има Украина како и другите држави во светот, рече Милошоски.

Потпретседателот на Собранието од СДСМ Јован Митрески истакна дека денешниот состанок преставува континуитет на минатите заложби за формирање на ваква парламентарна група пред се поттикната од актуелните политички настани на територијата на Европа.

-Формирањето и функционирање на оваа група е знак дека нашата држава останува посветена во изразувањето и потенцирањето на важноста од постоење на парламентарна поддршка на меѓународната осуда на агресорската политика на Руската федерација кон Украина и нејзините територијален интегритет, рече Митрески.

Tags: Војна во УкраинаКримска платформаСобрание
Next Post

Мицкоски: Планираме да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот

НАЈНОВО

Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари

August 20, 2025

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk