ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп тајно му пратил ковид тестови на Путин кога беа недостапни во 2020 година

October 8, 2024 20:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека коронавирусот глобално се ширеше во 2020 година, а САД и другите земји се соочуваа со недостиг на ковид тестови, тогашниот претседател Доналд Трамп тајно му испратил на Владимир Путин од тогаш недостапните тестови за негово лично користење, се дознава од најновата книга на познатиот американски новинар Боб Вудворд, заменик уредник на „Вашингтон пост“.

Путин бил во паника да не заболи од заразната болест и ја прифатил помошта од Трамп, но му рекол да не открива дека во Москва испратил ретки медицински средства. Путин наводно му рекол: „Не сакам да кажеш на никого, бидејќи луѓето тебе ќе ти се налутат, не мене“.

Четири години подоцна, Трамп го зачува личниот контакт со Путин, пишува Вудворд.

-Едниот води кампања да се врати во Белата куќа, а другиот организира крвава војна во Украина.

Од книгата исто така се дознава и дека на почетокот на оваа година, поранешниот претседател му наредил на еден од своите помошници да го напушти неговиот кабинет во Мар-а-Лаго, приватен голф клуб и резиденција на Трамп на Флорида, за да може да води личен телефонски разговор со рускиот лидер. Книгата не опишува што двајцата наводно разговарале, а цитира официјално лице од кампањата на Трамп кое ја доведува во прашање наводната комуникација. Но, ненаведен помошник на Трамп цитиран во книгата укажува дека републиканскиот лидер најверојатно разговарал со Путин дури седум пати откако Трамп ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Според овие контакти меѓу Трамп и авторитарниот лидер на Русија која е во војна со американски сојузник, Вудворд заклучува дека Трамп е полош од Ричард Никсон, чиј мандат беше прекинат по Вотергејт скандалот, откриен пред половина век од Вудворд и Карл Бернстин, негов колега од весникот.

-Трамп беше најризичниот и најимпулсивниот претседател во американската историја и го демонстрира истиот карактер како кандидат за претседател во 2024 година, пишува Вудворд во книгата „Војна,“ која ќе биде објавена на 15 октомври.

Кампањата на Трамп не одговори на барањето за коментар од весникот.

Со издавањето на книгата пред самиот почеток на претседателските избори, Вудворд, кој повеќе од 50 години ги документира успесите и поразите на американските претседатели, заклучува дека Трамп не е соодветен за функцијата додека претседателот Џо Бајден и неговиот тим, и покрај пропустите, покажале „стабилно и целенасочено лидерство.“

Потпретседателката Камала Харис, демократската кандидатка за претседател, според Вудворд се прикажува како остроумен и лојален играч број два на Бајден, но не и како влијателен глас во надворешната политика на неговата администрација.

Ова е четврта книга на Вудворд по победата на Трамп во 2016 година. Таа главно се фокусира на двете војни кои го окупираат тимот за национална безбедност на Бајден — сеопфатната војна на Русија во Украина, што започна во февруари 2022 година, и кампањата на Израел против Хамас и другите проирански прокси сили по нападите на Хамас лани на 7 октомври.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ПутинТрамп

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk