ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

„Booking“ во Србија најверојатно ќе згасне

October 18, 2024 15:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Букинг (Booking), онлајн платформа за резервации на апартмани и хотели низ светот, во Србија се соочува со обвинувања од властите за огласување на нерегистрирани даватели на приватно сместување, односно станови кои нивните сопственици ги издаваат, а не плаќаат данок за тоа. Од Министерството за туризам посочуваат дека оваа платформа овозможува промоција на субјекти кои не работат согласно законот, додека од „Букинг“ одговараат дека е подготвена да ги едуцира давателите на сместување за нивните обврски, но и нешто повеќе од ова, јави дописнкот на МИА од Белград.

Минатата недела министерот за туризам Хусеин Мемиќ изјави дека „во туризмот, кој постојано се развива и носи сè поголем девизен прилив, има многу сива економија, а најголем проблем се корисниците на приватното сместување и странски платформи кои во Србија работат на црно“.

Посебно внимание е насочено кон платформата Букинг, на која министерот посочи дека се воделе разговори со таа компанија, како и дека државниот апарат размислува да го укине работењето на оваа компанија во Србија.

Од Министерството за порталот Нова економија потврдија дека се остварени средби со регионални претставници на Букинг и дека по тој повод е дадено предлог решение во форма на барање за единствен матичен број (JID) на регистрирани угостители од Е-турист, при склучување на договор за огласување помеѓу угостителите и Букинг.

Како што посочуваат, „претставниците на Букинг не се согласиле со предлогот, туку како единствена можност го презентирале предлогот за спроведување информативна кампања за нивните корисници.

Букинг во одговорите за Нова економија наведува дека се подготвени да соработуваат со надлежните органи во Србија со цел да ги едуцираат своите провајдерите на сместување за нивните законски обврски.

-Кога се регистрирате за огласување на сместување на нашата платформа, давателите на услуги мора да ги прифатат нашите услови за користење, потврдувајќи дека имаат законско право да го изнајмат своето сместување, наведуваат од компанијата.

Додаваат и дека Букинг воспоставил сигурен процес преку кој надлежните органи можат да пријават евентуални неправилности во однос на огласените објекти и дека брзо ќе реагираат и ќе ги отстранат објектите доколку се утврди дека не работат во согласност со локалните закони.

Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА), Александар Сеничиќ на прашањето како ќе се одрази евентуалното заминување на Booking од Србија, одговори дека државата треба да разговара со нив за промена на правилата на оваа компанија, но дека во случај тоа да не вроди со плод, забраната за работа на оваа компанија „нема да биде првиот прекин на работата на територијата на една земја, барем привремено“.

-Пример е Турција која имаше долг спор со Букинг поради појавата на нелојална конкуренција и на крајот успеа да инкасира неколку милиони евра обесштетување, а компанијата привремено го „затвори“ своето работење таму – што даде јасна порака до Турција дека треба да се работи според прописите, заклучи Сеничиќ.

Next Post

Што содржи Планот за победа на Зеленски и како го пренесоа македонските медиуми

Shortcut

Најново

Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk