РИБАРО
Премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски, генијално, професорски, преку математичка прогресија пресмета дека платите на наставниците и професорите до 2044 година, или за 20 години од денес ќе достигне фантастични 150 проценти зголемување.
– Јес! Постигнат е историски договор, се пофали Мицкоски.
-Добро, сега е само 5% зголемувањето, ама за 4 години ќе биде 46%, што значи за 20 ќе биде 150 проценти повисока даскалската плата од сега. Радувајте се даскали!, рече Мицкоски.
– Нивно е само да нè гласаат да останеме на власт барем 20 години. Тие ќе си животарат колку-толку, ние ќе си тераме самарот со азното, и сите среќни и задоволни, додаде тој.
Мицкоски како умен професор, претходно асистент кај татко му, прашан од екипата на АХА, не знаеше да пресмета колку точно ќе бидат платите во 2044 година на пратениците, директорите и именуваните владини раководители кои добија покачување од 78%.
– Зошто споредувате ви се молам?! Не сум сигурен колу е тоа во проценти, ама ќе да е над 1.550% зголемување, што ако се има во предвид каква мачна работа работиме ние во владата за разлика од еден даскал во основно или средно, и не е нешто претерано, рече за АХА, премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски.
– Она што е најважно, е луѓето да имаат за леб, да преживеат некако. Ние со нашите бистри умови и патриотски политики сме тука да ги држиме понастрана од клетата ЕУ. Со нашите пак дебели плати и луксузни часовници од илјадници евра ќе им кажеме колку е часот, за да јадат на време за да не умрат од глад. Ете тоа е поентата. Времињата се тешки, но мора да се издржи, констатира Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK