ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот „цитроен“ не донесе до пик-ап возилото и партијата „Десна“

October 18, 2024 12:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата за запаленото возило „цитроен“ ги однело до пик-ап возилото „кангу“ и Политичката партија „Десна“, на Љупчо Палевски, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, рече дека барале налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влегле.

– Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишев. Кога влеговме рече како „ајде ве чекавме“. На прашање зошто, рекол дека ја виделе полицијата надвор како стои долго време. По разговор останатите двајца ги пуштиле како неинтересни за случајот. Од разговорот со Кешишев, се виде дека нешто крие. Кажа дека му готвел на Палчо и дека живеел таму. Кешишев, во разговорот неколку пати го посочи Велибор Манев од Велес, за кого се виде дека е сосед на Панче Жежовски. Тогаш полицијата отишла во претрес на домот на Манев,  изјави сведокот.

При испитувањето на Кешишев, нагласи сведокот, му станало јасно дека ги имаат, по што почнал да се „крши“ и кажува работи.

– Јас не сум човек. Кажа еден лош збор. Штом сум во ова и јас имам учество. Полека се кршеше човекот… Кажа дека оделе со Палчо во Бразда за некој објект што го градел. Реков, ќе не однесеш ли таму, па да па не, рече ќе ве однесам. Излеговме на терен со две возила. Цело време велел „Се плашам ако дознаат, Палчо имал луѓе во полиција, ќе го убијат“, изјави сведокот.

Кешишев, посочи сведкот, ги однел во селото Бразда, каде по земјен пат ги однел до местото каде е закопано девојчето, како и дека со нив бил и Веља и Боре „каратистот“.

– Не ни зборуваше, само покажуваше со глава. Застана на едно место со расфрлани перници и чаршафи. Почнавме да копаме. И тогаш го најдовме девојчето. Одма се јавивме и известивме обвинител, изјави сведокот.

Девојчето кога го нашле, посочи сведокот, било во облеката во која било пријавено за исчезнато, со врзани раце и нозе и  лента на устата.

– Тоа се нивни искази. Ни кажуваа. Ние работевме по налог на Палчо, изјави сведокот.

Во разговор со Велибор Манев, тој им кажал каде е телото на Панче Жежовски.

– На тој увид подигната е и една чаура, изјави сведокот.

Прашан зошто таткото на Вања, Александар бил сомнителен, сведокот рече дека тогаш сите им биле сомнителни и го анализирале и движењето на Александар.

Една индиција, посочи сведокот, била кога виделе дека тој со неговото возило возел кон Качанички пат. Кога го прашале зошто оди по тој пат, рекол дека мисли дека е изнесена надвор од државата и тоа бил најкраткиот пат до граница.

– Тој да не кажам како да ги предвидуваше работите, изјави сведокот.

Друга индиција, рече сведокот, е што најдовме една порака во телефонот на Зорица, од скриншот на Александар со Вања, каде и вели да биде топло облечена утре.

– Во разговор со Зорица и рекол дека ако е киднапирана не е проблем за пари дека ќе најдат од некој Хари, само колку пари треба да кажат. Друг индикатор е дека Александар ја згрешил групата и во групата на родители пратил порака што потоа ја избришал. Од сведочења на родители во групата, пишувало „Кажете само колку пари треба“, изјави сведокот.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

Next Post
Фото: Фронтлајн

Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури

НАЈНОВО

Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025
Скриншот

Италијанскиот Сенат ја одобри реформата на правосудството на Мелони

October 30, 2025

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk