Либан е на работ на колапс, предупреди денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која пристигна на ненајавена посета во Бејрут, среде војната меѓу Израел и либанската милитантна организација Хезболах.
Израел веќе еден месец врши воздушни напади врз Хезболах во Либан, а кон крајот на септември започна копнена офанзива со цел да ги потисне борците на групата подалеку од својата граница.
Бербок истакна дека „секоја намерен напад врз „сините шлемови“ на ОН е прекршување на меѓународното хуманитарно право“. Мисијата на ОН за одржување на мирот во Либан (УНИФИЛ) обвини израелските војници дека неколкупати намерно пукале врз позициите на нејзините мировници.
– Обврската за заштита на ОН мировниците важи за сите страни во конфликтот, рече Бербок. – Војниците на УНИФИЛ ја имаат нашата целосна поддршка. Тие се клучни за наоѓање политичко решение на конфликтот, додаде таа.
– Задачата сега е да работиме со нашите партнери од САД, Европа и арапскиот свет за да најдеме одржливо дипломатско решение кое ќе ги заштити легитимните интереси за безбедност како на Израел, така и на Либан, заклучи Бербок.