ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Контроверзни помилувања од Сиљановска Давкова: Бивш градоначалник, припадник на кланот Барон, поранешен разузнавач и седум други

October 23, 2024 10:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на Претседател

Фото: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилувала десет осуденици. Покрај поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, помилувани се уште деветмина затвореници, а во одлуката објавена во „Службен весник“ не се наведени информации за кривичните дела.

Извршувањето на изречената казна им се заменува со условна осуда на осудените лица Акиф Равмановски од село Арачиново, во траење од една година и три месеци,  на Никола Трпчески од Охрид, во траење од една година и на Шенол Маслани од Арачиново, во траење од шест месеци.

Делумно се ослободени Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од село Миравци, Томислав Симеонов, од Скопје, Перо Кузмановски од Градско, Живко Делиџаков од село Богородица, и Марјан Ефремов од Скопје, кој беше првообвинет во аферата „Шпион“.

„Наместо 6 месеци во затвор, условна казна доби арачиновецот Шенол Маслани кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР (се спомнуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје). Тогаш по неколку часа во полициска станица, Шенол и неговиот брат Шенки Маслани беа ослободени и прославија со музика во живо на социјалните мрежи. Денес е помилуван. Познат е и како брат на арачиновскиот фанатик по италијанскиот креатор Џани Версаче, Шенки Версаче кој и куќата ја накити со иницијали на култниот лик на светската мода. За случајот со двајцата браќа немаше никакав информација во јавноста за текот на евентуалниот кривичен судски процес.

Најпроблематичен избор на претседателката Силјановска и нејзината Комисија за помилување е замената на 15 месеци затвор за условна казна за Акиф Равмановски попознат како Акиф Јусуфи од скопскиот клан „Барон“.

Бил осуден за недозволено поседување оружје кое било нелегално, а Равмановски алиас Јусуфи е дел од истрага за вооружен напад врз скопајнец кој се случи 8 дена пред да добие амнестија за државниот празник- Ден на националната борба.

На листата е и екс разузнавачот Марјан Ефремов кој беше осуден на висока казна затвор во контроверзниот случај Шпион. Беше вратен во затворот Идризово и зад решетки, но за празникот доби намалување на казната за 3 месеци.“, пишува Телма.

Одлуките за помилување на Претседателот на државата се по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на Претседателот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаПомилувања

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk