ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Борел бара Израел да го спречи гладувањето на цивилното население во северна Газа

October 24, 2024 10:38
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Фото: ЕПА / МИА

Фото: ЕПА / МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија е сериозно загрижена за ситуацијата во северна Газа и ја повикува израелската Влада да преземе брза акција за да го спречи гладувањето на цивилното население и да ги почитува своите обврски според меѓународното право, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

– Агенциите на ОН, вклучувајќи ги УНДП, УНРВА, СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, известуваат за ужасна хуманитарна ситуација, при што децата умираат со алармантна брзина и им се ускратени основните права на заштита, храна, вода и основна здравствена заштита. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека болниците снемуваат гориво и залихи, а јас се придружувам на неговиот повик за заштита на здравствената заштита, наведува Борел во писмената изјава во врска со најновите случување на Блискиот Исток.

Тој додава дека повеќе од две недели критичните линии за снабдување во северна Газа се прекинати, при што во областа пристигнала само мала или никаква помош во храна.

– Во саботата во северна Газа беа исклучени и мобилните комуникации. Му се придружувам на специјалниот координатор на ОН, Тор Венесланд, во повикот за прекин на нападите врз цивилите и за заштита на раселените лица, вели високиот претставник на ЕУ.

Борел посочува дека според податоците на Светската здравствена организација, во „големата израелска воздушна и копнена операција“ против Хамас од почетокот на октомври, наводно, се убиени стотици цивили, вклучувајќи и жени и деца, уништени се објекти на ОН и сериозно се оштетени болници.

– На преостанатите 400.000 жители на северна Газа им е наредено повторно да се евакуираат. Многумина од нив немаат каде да одат по постојаното раселување, не се во можност да заминат или стравуваат дека нема безбедно место во Газа, додава Борел.

Тој потенцира дека ЕУ ја нагласува итноста за целосен, брз, безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош во Газа.

– Веднаш е потребен итен прекин на огнот, а ЕУ го повторува и својот повик за безусловно ослободување на сите преостанати заложници, наведува Борел.

Високиот претставник на ЕУ нагласува и дека тврдењата за наводни прекршувања на меѓународното хуманитарно право мора да бидат темелно и независно истражени и да се обезбеди одговорност за нивните евентуални сторители.

– Во овој контекст, повторно ја нагласуваме важноста од спроведување на наредбите на Меѓународниот суд на правдата, кои се правно обврзувачки, вели Борел.

Дополнително тој потенцира и дека воената конфронтација меѓу Хезболах и Израел е причина за неприфатлив број цивилни жртви и неподносливо ниво на уништување низ Либан, што ја прави уште покревка ситуацијата во земјата, која веќе е погодена од мноштво кризи.

– Меѓународната конференција за поддршка на Либан, свикана од Франција во Париз за 24 октомври, е важен повод да се мобилизира итната политичка и економска поддршка за либанскиот народ и суверенитетот на земјата. Како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и потпретседател на Европската комисија, ќе носам порака во која ќе ги дефинирам главните чекори за постигнување на таа цел и придонесот на Европската Унија кон неа, додава Борел.

Tags: БорелГазаЕУ
Next Post

Завршна конференција за стручно и образование на возрасни

НАЈНОВО

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

Пакистанскиот парламент изгласа доживотен имунитет за претседателот и командантот на армијата

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk