ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Лајчак: Спроведувањето на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина суштински допрва треба да започне

October 25, 2024 11:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, по вчерашната средба на главните преговарачи во Брисел, изјави дека спроведувањето на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина „суштински“ допрва треба да започне, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во Брисел бев домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија. Разговаравме за спроведувањето на Охридскиот договор, кој во суштина допрва треба да започне. Разговаравме и за голем број важни прашања кои произлегуваат од минатите договори и се договоривме за следните чекори, напиша Лајчак по средбата.

Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија беше објавен во февруари 2023 година, а во март во Охрид, Белград и Приштина се договорија за Анексот за негово спроведување, познат како Охридски договор.

Во првиот член од Договорот се вели дека страните меѓусебно ќе развиваат нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права и „взаемно признаваат документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“.

Владата на Србија на 26 декември минатата година одлучи да дозволи слободно движење на сите возила од Косово на територијата на Србија, а од 2013 година ги признава косовските лични карти.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Србија исполнила три работи од Охридскиот договор.

Имаше договор и сите разговаравме за тоа дека прво мора да се исполни Заедницата на срспки општини (ЗСО), која не е поместена од мртва точка, а Србија сето тоа го исполни од лични карти, регистарски таблички, царински печати… рече тој.

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, во Брисел, по вчерашната трилатерална средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, и главниот косовски преговарач, Бесник Бисљими, изјави дека разговорите биле мачни и дека Србија, како и секогаш, инсистирала на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

Tags: БелградЛајчакОхридски договорПриштина
Next Post

Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk