Измина повеќе од една година откако на 31-годишна возраст почина младата докторка Марија Бунда Калпак, која три години се бореше со канцер на дојка. Нејзината приказна можеби не беше успешна, но таа остави силна порака зад себе. Уште на самиот почеток Марија ја сподели својата приказна за карцином на дојка кој го откри на 28 години, за да ја зголеми свеста за оваа болест и да придонесе кон раното откривање, пишува „Слободен печат“.
Во нејзина чест и за да се продолжи мисијата што самата ја започна, но и да се продолжи од таму каде што таа застана, оформено е здружение со име „Марија – провери се“.
Основач на здружението е нејзината сестра Ивона Јованоска-Бунда, којашто за „Слободен печат“ говори околу борбата со ракот на дојка, меѓутоа и околу донаторската акција што ја имаат за да може да се поткрене свеста за борба против ракот на дојка во „розевиот“ месец.