Премиерот Христијан Мицкоски, вчера одговарајќи на новинарски прашања изјави дека тој ја гледа како доблесна одлуката на членовите на Комисијата за помилување кои ја констатираа грешката и поднесоа оставка.
Жив човек кој што работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност, тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин тоа е да се повлечат и тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, изјави вчера Мицкоски.
На оваа изјавана реагираше сега веќе поранешниот член на Комисијата за помилување, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев кој во објава на Фејсбук го демантира Мицкоски и вели дека Комисијата не признала грешка како што тврди премиерот, туку дека се држи до принципи.
Истото го напиша и предходно, кога прв, на својот Фејсбук профил ја извести јавноста за колективната оставка од позициите на членови на Комисијата за помилување, и дка оваа одлука ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи.
Оставките на членовите на Комисијата за помилување, кои претседателката Сиљановска-Давкова ги прифати, следуваа по скандалозните празнични помилувања потпишани од Сиљановска, каде меѓу помилуваните се најдоа и Акиф Бејадин Равмановски, член на наркокланот „Барон“, осомничен за убиствата во Шиша Бар и за убиството на Орхан Бајрами-Оки во Грција, но и дека пред една недела откако избега од затвор, пукаше и рани лице во паркот во Чаир, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, споменат во полицискиот билтен во 2019 година по акција против група која се заканувала на полициски службеник и тргувала со дрога, но не му беше поднесена кривична пријава.
Празничното помилување на претседателката го зафати и поранешниот градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, кој беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Транспортер и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.
Драган Мишев / Цивил Медиа