РИБАРО
– И така, би избори поминаа. Поминаа и 100 дена. Ќе поминат уште толку. Им правевме тогаш театар на граѓаните, а сега е време да се собира кајмакот. Велат несериозно било од позиција на опозиција што сме велеле дека Договорот со Бехтел-Енка е криминален, коруптивен скандал на столетието или што се не изнатрескавме. Па нека велат, што ако се во право. Локалните избори се ехехе… за година и кусур дотогаш ќе заборават кој што рекол. Има шашма да им го направиме умот со пропаганда и лаги. Сите телевизии се со нас, здраво ги подмачкуваме, рекол премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски пред своите блиски соработници, дознава АХА.
– Ама шефе ептен ние ја зацапавме. Па се заканувавме со кривични, одевме на терен и покажувавме дека не се работи, дека е лага тоа со Бехтел и Енка, се охрабрил еден од присутните вмровци.
– Ало бе луди ли сте?! Па што очекувавте? Дека ќе аминуваме договор за изградба на автопати што ќе ја поврзат цела Македонија, а го креирале и потпишале СДСМ? Башка не е тоа договор со сомнителни ориентални компании како што правевме ние претходно, туку со Американски компании што градат брзо и квалитетно, потенцирал Мицкоски.
– Ама она со американската амбасадорка и умилкувањето ваше беше апла премиере. Нели горди ќе бевме а не со свиткана кичма?!, возвратил охрабрениот.
– А бе крши глава таму, да не ти ја свиткам кичмата хахахах…, заклучил Мицкоски, дознава АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK