ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски жестоко контра Апасиев во одбрана на уставното име: Потпишуваш амандмани со Северна Македонија од истата земаш плата

November 1, 2024 09:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Димитар Апасиев на собраниската седница за пратенички прашања, вчера, упати прашање до премиерот Мицкоски, што во контрареплика го прецизира:

„Вашата квази-патриотска, бугарофилска партија го брише името Македонија – без обврска од Преспанскиот договор. Немате меѓународна обврска да го бришете името од закони за кои не сме отпочнале преговори. Зошто тоа го правите”, праша Апасиев

Премиерот Христијан Мицкоски, претходно одговарајќи на прашањето од Апасиев му порача дека од истата држава со новото уставно име тој зема плата, ја финансира партијата, но и истата Апасиев и неговите сопартијци ја потпишуваат кога поднесуваат амандмани во Собранието.

„Сериозно е дека фактот дека водиме држава, од истата таа држава од која ти земаш плата и добиваш финансирање на твојата партија и од која бараш документи за да ја интабулираш за да земеш кредит и да купиш нов деловен простор во центарот на главниот град за партијата Левица. Во меѓувреме ќе се подновиш со ново возило, ќе уживаш во комфорот“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, како што известуваат владините служби, му посочи на Апасиев дека песничката за Северна Македонија е од 2019 година и да не се расфрла со лаги и измислици, бидејќи со нив нема да стигне далеку, затоа што тие малкумина кои му веруваат при секои избори по една голема група си заминува од Левица и преминува во ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии и така е во неколку општини низ Македонија.

„Мирно да спиеш и да уживаш во парите кои ги добиваш од овој буџет, оваа влада да уживаш во плажите на Егејското море, и можам да ти кажам дека никаде во Преспанскиот договор не е забрането на придавката македонски, ниту на Македонија, тоа е регулирано во членот 7, став 2 и 3 и може конечно да се сложиме дека и ние имаме право на употреба на придавката „македонски“ и тие имаат право. И ние ја користиме Македонија и тие имаат право. Но, има една разлика, овие со кои си во коалиција прифатиле сите државни институции кои имаат државно финансирање да не може да бидат повеќе македонски. И никогаш нема да зборувам работи кои се невистинити или работи со кои ќе манипулирам за да добијам евро повеќе за да ги потрошам на плажите во Егејско море како што ти правиш. Халкидики патриоти знам многу, но тука има луѓе кои се борат и ќе се борат за еден заеднички интерес тоа е интересот нас нашата заедничка татковина и сите граѓани од различни етнички припадности кои си ја сакаат својата татковина Македонија“, потенцираше премиерот Мицкоски.

– Тоа што се обидувате адхоминем малограѓански да не напаѓате може да ви помине само кај вашите малограѓански штапци. Народот гледа дека тоа што го кажувате во предизборито го поплукавте за 24 саати откако влеговте во фотеља, реплицираше Апасиев.

„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче, што Ве буткале цел живот – си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате ад хоминем. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како Вас. Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да Ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто чини колку станот во којшто јас живеам? И дали е вистина дека планирате Вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД на Фармацевтскиот факултет? Како успеавте со ваков “вичен и правичен” адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму… и сега ќе ни кажувате: „Одел Апасиев на одмор во Халкидики”. Да! Оди. Оти е средна класа. Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе! Апасиев живее од професорска плата“, истакна Апасиев.

Ј. Ѓ.

Tags: АпасиевМицкоскиСобраниеуставно име
Next Post

СДСМ: Ново погазување на ветувањата - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk