авниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад води истрага заедно со полицијата, надлежните инспектори и други служби на зградата на железничката станица каде се урна настрешницата.
„Поради трагичниот настан што предизвика загриженост во јавноста, а кој се случи на 1 ноември 2024 година во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад излезе заради истрага“, се наведува во соопштението.
Во соработка со Полициската управа во Нови Сад и надлежните инспекциски и други служби, се преземаат сите мерки и дејствија согласно закон, со цел утврдување на сите релевантни факти и околности поврзани со причината за предметниот настан.
Српски медиуми јавија за најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
На железничката станица во Нови Сад денеска во 11.50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата и во оваа несреќа има повредени, соопштија од Железничката инфраструктура на Србија.