ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓу загинатите во Нови Сад и Васко Саздовски, македонски научник од „Биосенс“, јави српска „Политика“

November 2, 2024 11:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Северна Македонија. Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврди веста за „Политика“, пренесува МИА.

– Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера, изјави Црнојевиќ за весникот.

Колегите на Саздовски се собраа во Институтот „Биосенс“ утрото по трагедијата. Според нивните зборови, Васко работел таму нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Северна Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и кобниот петок, 1 ноември.

Во Нови Сад се прогласени тридневни денови на жалост почнувајќи од денеска поради загубата на 14 лица врз кои се урна масивниот бетонски покрив на железничката станица. Според тврдењата на кинеската компанија која ги изведуваше работите и претставниците на државата, тој дел од зградата не бил предмет на реконструкција.

Обновата на станицата се одвиваше во две фази како дел од реконструкцијата на железничката линија за брзи возови. Имаше две свечени отворања. Работите на овој културен споменик, архитектонско здание од 1964 година, започнаа во октомври 2021 година. Делот од обновената зграда беше свечено отворен во март 2022 година како дел од отворањето на обновената брза пруга од Белград до Нови Сад, на кое присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Веднаш по тоа отворање, работите продолжија со втората фаза, а на почетокот на јули 2024 година беше соопштено дека реконструкцијата на станичната зграда е завршена. По тој повод, реновираниот објект го посетија министерот Горан Весиќ, претседателката на Покраинската влада Маја Гојковиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во рамки на оваа обнова, зградата доби нов покрив, фасади, столарија и мебел, уредена телекомуникациска опрема, шалтери, чекални и тоалети, детско катче, дел за домашни миленици, како и лифт и галеријски трем од мермер и стакло, кои претходно не постоеја во станичната сала.

Прочитајте и…

Што досега се знае за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, зошто паднала настрешницата?

Tags: Васко СаздовскиНови СадТРАГЕДИЈА
Next Post

Извештај на ЕК: Земјата останува значително зависна од јаглен, инсталираната моќност на електраните од ОИЕ се зголеми на 50 отсто

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk