Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8. Тунелот кон Бугарија дел од пругата на Коридор 8 за Николовски беше слеп тунел и најавуваше нова траса. Одеднаш тунелот прогледа и проектот ќе се прави онака како што беше испланиран од преходно, без измени, реагираат со соопштение од СДСМ.
Оттаму велат дека „Николовски, заплеткан во своите лаги се обиде да се оправда со тврдење дека на средба помеѓу директорите за железничка инфраструктура на Бугарија и Македонија биле прифатени „три клучни аргументи„ на Николовски за проектот“.
„И повторно, Николовски е фатен во нова лага. Се работело за технички состанок на којшто се прецизирале само технички прашања за доизградба на прекуграничниот тунел Деве Баир. Немало ниту прифатени аргументи, ниту измени во планот за градба, ништо. Ова е уште еден шамар за лагите на Николовски и признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните. Од историски криминал и коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти. Очигледно работата на Николовски се сведува на лажање на народот и фалење со проектите на СДСМ, ништо друго“.
Од Министерството за транспорт соопштија дека во Софија се одржал состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување.
Како што известуваат од Министерството, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект, соопштуваат од Министерството.