Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на изборите, така што неодамна го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија, каде што е регистрирана како гласач.
-Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта.Така што, јас гласав, им рече Харис на новинарите во Детроит, објави Си-Ен-Ен.
На прашањето дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека таму и ќе стигне.
🚨BREAKING: Kamala Harris has voted by mail, in a show of confidence for the vote-by-mail process.
“My ballot is on its way to California, and I’m going to trust the system that it will arrive there.” pic.twitter.com/cGOxgEPtP1
— The Socratic Daily (@SocraticDaily) November 3, 2024
„Вашиот глас е ваша моќ“, потенцира таа на платформата Х, потсетувајќи дека изборите ќе се одржат на 5 ноември.