ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

November 4, 2024 13:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи новогодишен концерт насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници.

-Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавија организаторите.

Како што посочуваат, на програмата ќе биде „Оревокршачка“, но и омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици.

-Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат. Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот, се вели во соопштението.

Трпчески редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско… Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.

-Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна, посочуваат организаторите.

Tags: КонцертСимон Трпчески
Next Post

(ВИДЕО) Филипче: Најавите за предвремени избори се доказ дека на Владата не ѝ оди

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk