ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Харис и Трамп завршија со главните митинзи, но во САД нема изборен молк – кампањи и на денот на изборите

November 5, 2024 11:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Доналд Трамп и Камала Харис, политички лидери на две целосно спротивставени концепции за идниот развој и лидерство на Америка, завршија со главните митинзи на едни од најразбрануваните и најдраматични претседателски кампањи во историјата на САД.

Но во оваа земја не постои изборен молк, нивните кампањи продолжуваат и на денот на изборите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Од вчера наутро до доцна синоќа и по полноќ, тие одржаа завршни митинзи и интензивни настани во неколку сојузни држави каде ќе се одреди резултатот од претседателската трка во 2024 година.

По тон и по суштина, аргументите на Трамп и Харис ги отсликаа спротивставените визии што им тие им го нудат на длабоко поделениот народ. Зборувајќи пред голема и возбудена толпа собрана на скалите пред Музејот на уметноста во Филаделфија, Харис изјави дека нацијата е „подготвена за нов почеток, за нов пат напред.“

На својот последен митинг Трамп се појави денеска по полноќ на сцена во Батл Крик, Мичиген, и рече дека ужива во она што рече дека е неговиот последен претседателски митинг. Изјави дека секој негов политички настан „бил неверојатен“ и порача на поддржувачите дека „не мора да се задоволуваат со слабост, некомпетентност, пад и пропаст.“

Двајцата кандидати избраа симболични локации за нивните завршни настани кои имаат културно и емотивно значење. За Трамп, Батл Крик е симбол за неговата политичка кариера која во деценијата што измина ја преокупираше американската политика: последните настани од своите претходни две претседателски кампањи тој ги одржа во овој град. Таму одржа и еден пркосен митинг во 2019 година додека Претставничкиот дом за првпат гласаше за негов импичмент.

За Харис, избраната локација на нејзиниот последен миинг е позната филмска сцена од култниот „Роки“, каде главниот протоганист трчаше и тренираше по овие скали пред музејот. Со ова таа го потврдува „аутсајдерскиот“ (We are underdogs in this race) менталитет што таа го потенцираше уште од стартот на својата кампања пред нешто повеќе од 100 дена, откако претседателот Џо Бајден излезе од трката. Локацијата, исто така, симболизира и предавање на штафетата – од истото место во 2019 година Бајден ја започна својата претседателска кампања.

Овие големи настани беа кулминација на интензивни кампањи во пресрет на 5 ноември, при што Харис ја шеташе Пенсилванија со настани во Скрантон, Алентаун и Питсбург пред да пристигне во Филаделфија. Трамп, исто така, одржа два настани во сојузната држава, заедно со посета на Северна Каролина вчера наутро. Двајцата беа поддржани од познати личности – Трамп доби поддршка од популарниот комичар и подкастер Џо Роган, додека поп-ѕвездата Лејди Гага и ток-шоу иконата Опра Винфри се приклучија на Харис во Филаделфија.

Денеска, 5 ноември, заклучниот збор го имаат американските гласачи. Но нема изборен молк, кампањата сепак ќе потрае уште малку.

Низа анкети објавени во последните часови од трката покажуваат дека трката е изедначена и на национално ниво и во клучните, „колебливи“ држави, со добро познатите грижи за економијата, кои сè уште ги обременуваат Американците додека тие се спремаат да одат на гласање.

Трамп денеска оди да гласа лично, на гласачкото место во близина на неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, каде ќе дава изјави на новинарите. Харис пак, веќе гласаше по пошта и планира интервјуа на локални радиостаници, како последен обид за мотивација на поддржувачите да ги дадат своите гласови за неа.

Првите гласови на кампањата во 2024 година беа преброени во Диксвил Ноч, малото гратче во Њу Хемпшир кое привлекува меѓународно внимание со својата традиција на почеток на гласањето кога стрелката на часовник се префрла од 4 на 5 ноември, односно на полноќ.

Одговарајќи на резултатите од стотината спроведени анкети во изминатите месеци дека трката е изедначена, и резултатите на ова гласачко место беа изедначени. И Харис и Трамп добија по три гласа во гратчето кое вкупно дава само шест гласови.

Ова може да се протолкува како позитивен знак за Харис, со тоа што „Си-Ен-Ен“ извести дека ова место има четворица регистрирани републиканци и двајца регистрирани неопределени. За изборот на републиканските првични избори, Диксвил Ноч гласаше 6-0 во полза на Ники Хејли, додека на изборите во 2020 година гласаше 5-0 за Бајден.

Трамп вчера доби поддршка од еден од најпопуларните подкастери во САД, Џо Роган, кој има 17,5 милиони потписници на Јутјоб и 15.7 милиони на Спотифај. Поддршката на Роган стигна синоќа после подкаст со Илон Маск, милијардер кој стана еден од најгорливите поборници на Трамп. Трамп и Џеј Ди Ванс, неговиот кандидат за потпретседател, во изминатите недели одржаа неколку настапи кај Роган.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориСАДТрампХарис

НАЈНОВО

Велика Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

May 22, 2025

Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

May 22, 2025

Вицепрeмиерот Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија

May 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се фискалните ризици од шесте милијарди евра заем од Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk