Најмалку 15 лица загинаа во израелски воздушен напад врз Барја, јужно од Бејрут, соопшти вчера либанското Министерство за здравство по нападот на крајбрежната област Барја, 20 километри јужно од Бејрут.
Меѓу нив бил и функционер на Хезболах кој бил во стан. Зградата се урна.
Либански безбедносни извори рекоа дека функционерот на Хезболах, кој беше убиен, бил задолжен да дели пари на следбениците на движењето кои се раселени поради борбите.
Израелски воздушен напад погоди крајбрежен град, еден загина, а 20 се повредени.
Претходно, израелски воздушен напад нападна стан во крајбрежната област Џије, 23 километри јужно од Бејрут, при што загина едно лице, а 20 други беа ранети, соопшти либанското Министерство за здравство во прелиминарниот извештај.