ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Што им вети Доналд Трамп на гласачите

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори на САД.

November 6, 2024 11:37
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Америка на прво место“ беше фокусот на предизборната кампања на Доналд Трамп, кој веќе од страна на авторитетните американски и светски медиуми е прогласен за претседател на САД.

Кога веќе во секој момент очекуваме Трамп да излезе на сцената и да ја прогласи победата, да се навратиме на неговите предизборни ветувања.

Економија

Во однос на екомонијата, Доналд Трамп, вети намалување на даноците, поништување на даночните зголемувања за бизнисите, намалување на данокот за работници, укинување на данокот за бакшиш и вети дека нема повеќе да има даноци на приходите од социјално осигурување. Во главно, Трамп во однос на економијата се залага за поттикнување на домашната индустрија, „Америка прво“ економија, поврат на работници од странство, обнова на производните капацитети на САД, забрана за нефер трговски практики. Трамп предложи и зголемивање на детскиот даночен кредит кој сега е 2.000 долари од дете и се враќаат само 1.600 долари на 5.000 долари од дете.

Безбедност

Трамп и повеќе од еднаш вети дека ќе стави крај на војната во Украина. Но на новинарските прашања како ќе го направи тоа и дали треба Украина да остстапи земја на Русија, никогаш не одговори прецизно, велеше само „Ајде да постигнеме мир“ и „Не сакам да ви кажам како изгледа тоа“, а јасно стави до знање дека ќе ја намали помшта за Украина. Трамп во својата предизборна кампања стави силен фокус и на борбата против тероризмот. Тој вети да се зголеми буџетот за одбраната и вети модернизација на американската војска.

Здравство

Трамп ќе го укине Обамакер, здравствена заштита на 40 милиони американци по пристапни цени. Трамп на дебатата со Харис на 10 септември се изјасни дека Обамакер е лоша здравствена заштита и се залага да ја укине.

Социјални прашања

Трамп вети укинување на правото на абортус, забрана за какви било лекови за абортус, опрема или материјали да се испраќаат по американската пошта. Трамп вети поддршка на традиционалните вредности, однсоно цензура на критички дебати во училиштата на тема раса, системско угнетување како и прашања околу полот. Трамп вети и казни за учулиштата што ќе ги штитат правата на транс – студентите, како и прекин на финансирањето на болниците доколку пружат нега на транс адолесценти.

Миграција

Трамп вети градење на ѕидот на границата со Мексико со цел спречување на нелегалната миграција. Трамп вети дека ќе извшти најголем обид депортација во САД. Тој рече дека ќе започне со таргетирање на мигрантите во Спрингфилд, Охајо, Аурора и Колорадо. Тој вети дека ќе се направи најголемата операција за депортација на криминалци, дилери на дрога и тровци со луѓе.

Енергетика и животна средина

Трамп има намера да ја продолжи експлоатацијата на нафта и гас во САД, како и да ги укине ограничувањата за ископување. Тој продолжува да се противи на климатските договори како Парискиот договор, сметајќи ги за штетни за економијата на САД. Поддршка за продолжување и проширување на капацитетите за нуклеарна енергија.

Како и во претходната кампања, Трамп се посветува на теми како што се силната граница, подобрена воена моќ, и заштита на традиционалните американски вредности. Тој се противи на т.н. „либерални политики“ и се залага за поинакви економски и енергетски стратегии, истовремено критикувајќи ги демократските политики за управување со кризите во земјата. Кампањата на Трамп се темели и на неговата способност да се бори со корупцијата и да ги преработи или отфрли сите оние политики што ги смета за неуспешни или штетни за Америка.

Светските лидери веќе му честитаат на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, по традиција, инаугурацијата ќе се одржи во главниот американски град Вашингтон на 20-ти јануари 2025 година.

Марија Тодоровска/НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: абортусВетувањаданоциизборипредизборна кампањаСАДТрамп

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk